Уште не им почна сезоната, а на Лестер му се заканува одземање на два бодa

Лестер успеа да се избори за враќање во Премиер лигата и утревечер ќе го има првиот меч и тоа на домашен терен против Тотенхем. Лисиците се оптимисти дека ќе успеат во нивната примарна цел, а тоа е останување во елитното друштво.

Од Англија најавуваат дека Лестер може да биде казнет со два бода одземање и тоа поради прекршување на правилата за профит и одржливост. На англиските клубови им е дозволено да изгубат 105 милиони фунти во текот на трите сезони, а Лестер го има надминато тој износ.

Поради истите причини минатата сезона беа казнети Евертон и Нотингем Форест. На Евертон му беа одземени дури осум бодови, а Нотингем остана покус за четири бодови.

- Оглас -

Најнови вести