30.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Уште не се дел од ФИФА, а веќе размислуваат за настап на Светско првенство

Светската фудбалска федерација (ФИФА) моментално има 211 членки, од кои 210 имаат рангирање, додека Еритреја моментално е суспендирана и е без рангирање. Најавите се дека во блиска иднина „семејството“ на ФИФА може дополнително да се зголеми, и тоа со претежно островски репрезентации или прекуморски територии.

Засега селекциите на Гренланд, Маршалски Острови, Микронезија и некои други имаат аматерски статус, но има и селекции кои би можеле да бидат апсолутен хит. Таква е селекцијата на Гвадалупе, која се надева дека во блиска иднина може да стане рамноправен член на ФИФА.

Гвадалупе е полноправна членка на зоната КОНКАКАФ, тие играат Голд куп, Лигата на нации во нивната зона, но сè уште не се членки на ФИФА бидејќи се регистрирани како прекуокеанскa територија на Франција, што блокира одредени административни патишта за нивен прием во ФИФА. Сепак, најновите информации велат дека ова наскоро ќе заврши и Гвадалупе ќе стане рамноправна членка на ФИФА.

Гвадалупе има многумина фудбалери кои играат во Европа, а има и фудбалери кои потекнуваат од овој остров во француските младински селекции, па затоа би можеле да направат многу добра репрезентација.

Целата приказна во Гвадалупе би можела дополнително да се засили со фактот дека првиот човек на Федерацијата и еден од најодговорните би можел да биде легендарниот француски фудбалер Лилијан Турам, кој е роден на овој остров, а тоа имплицира и фактот дека Маркус Турам би можело да го носи дресот на Гвадалупе бидејќи има државјанство на оваа земја, но тоа е сепак малку веројатно.

Во актуелниот состав на Гвадалупе има играчи кои се дел од Топ 5 лигите во Европа. Најголемата ѕвезда на националниот тим е Жером Русијон, поранешен фудбалер на Унион Берлин, а тука се и Ентони Барон од Сервет, како и Маркус Коко од Клуж. Дресот на овој национален тим го носат Килијан Бевис од Раднички од Крагуевац, како и Матијас Фаетон, член на ЦСКА Софија.

Највреден фудбалер е Андреа Гравијон, член на италијанската Пескара, чија вредност е 1,8 милиони евра. Моменталната вредност на националниот тим на Гвадалупе е 9,8 милиони евра. Меѓу играчите кои би можеле да го носат дресот на Гвадалупе се играчи од: Марсеј, Стразбур, Лил, Тулуз, Оксер, Кан, Антверпен, Клуб Бриж, Цирих, Јанг бојс, Нант, Лион, Монпелје.

Гвадалупе сака да игра во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2030 година. Амбициите на оваа селекција се дека ќе се бара и пласман на Мундијалот, но има уште време за спроведување на овој оптимистички план.

- Оглас -

Најнови вести