Познато е дека Златан Ибрахимовиќ не го сака Кристијано Роналдо, даваше контоверзни и критички изјави против Португалецот околу изборите за Златната топка и кога од Реал Мадрид премина во Јувентус, па сега кога Ибра ќе дојде во Милан, ќе бидат интересни неговите дуели со Португалецот.
„Вистинскиот Роналдо е Бразилецот“, „Меси на теренот игра како на ‘плејстејшн’“, „Знаеме дека Златните топки ги освојува Флорентино Перес, а не Кристијано Роналдо“, „Каков предизвик е да одиш во тим кој веќе седум години по ред е првак на својата земја? Што не отиде во Јуве кога беше во Серија Б?“ се дел од изјавите кои Златан ги даваше, а кои сигурно не му се допаднаа на Португалецот.
И во својот идеален тим Ибра, се разбира, не го стави Кристијано. Сеирџиите одвај ја чекаат наредната пресметка на Милан и Јуве, со Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо на терен.