Уште неколку часа и ќе се знаат кандидатите за добивање на Ајфон преку Спортска прогноза

Новото 20-то коло на Спортската прогноза кое почнива наскоро, можеби ќе го донесе мајсторот што прв ќе ги погоди сите 13 двојки од основната понуда и ќе се закити со прекрасната награда, мобилен телефон IPhone XS што го доделуваат обложувалниците Sport Life.

Досега имаше неколку прогнозери кои беа блиску до главната премија, но „ајфонот“ во нашата бесплатна игра сè уште го чека првиот сопственик во втората сезона на Спортска прогноза. Прогнозирањето е лесно и сè што треба е да имате СЛ картичка од Sport Life за да се приклучите во трката за наградите.

За погодени 12 двојки ви следува ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, додека за 11 погодоци ваучерот е со вредност од 500 денари.

Прогнозирањето за ова коло ќе заврши во 15 часот, кога почнува и првиот меч меѓу СПАЛ и Болоња. Во фокусот е римското дерби меѓу Рома и Лацио што ќе се игра в недела од 18 часот. Од оние што досега типувале, 40,9 проценти се изјасниле за „икс“, победа на Рома типувале 27,9 процент од играчите, а за двојка на Лацио се 31,2 отсто.

Важно е да се погодуваат и резервните два пара во секое коло бидејќи во Генералниот пласман се сметаат и поените од тие две двојки. За ова коло „резерви“ се двата дерби-дуели од Ла Лига и од Серија А, меѓу Валенсија и Барселона, односно Наполи против Јувентус.

Приклучете се и играјте Спортска прогноза, игра што е бесплатна, забавна и носи вредни награди.

- Оглас -

Најнови вести