Борусија Дортмунд со 3-0 го разби Копенхаген, а Динамо Загреб на Стефан Ристовски и Аријан Адеми приреди изненадување со победата од 1-0 над Челзи.
За Сините од Лондон, кои летово потрошија многу пари за засилувања, овој пораз е болен и поради традицијата бидејќи досега не се случило титула во ЛШ да освои тим кој во таа сезона загубил во првото коло.
Мислав Оршиќ беше стрелец на голот за хрватскиот првак, а нашиот Ристовски имаше убава шанса со шут од 30-тина метри, но топката се одби од пречката.