Уште од сега се знаат главните фаворити за Златната топка – Меси и Роналдо ги нема ни во топ 10

Последното издание на Златната топка, кога Лионел Меси ја освои седмата најпрестижна фудбалска индивидуална награда, предизвика голем број полемики.

Така, „Франс фудбал“ одлучи да има промена во правилата, а веќе се познати главните кандидати за наредната едиција.

Очекувано, најмногу се истакнуваат Карим Бензема и Роберт Левандовски, а зад нив е Мохамед Салах.

Сосема очекувано, Кристијано Роналдо и Лионел Меси ги нема во топ 10 листата, којашто уште ја надополнуваат и Килијан Мбапе, Лука Модриќ, Садио Мане, Бернардо Силва, Ријад Марез, Винисиус Жуниор, Александер-Арнолд Трент.

- Оглас -

Најнови вести