Во сите непарни години од 2003 година наваму, титулата во Суперкупот ја освојува тимот кој бил победник во Лигата на шампионите. Таа традиција продолжи и синоќа, кога европскиот првак Ливерпул го совлада освојувачот на Лигата на Европа, Челзи, во првиот Суперкуп на УЕФА во кој се сретнаа две англиски екипи.
Во 2003 Суперкупот му припадна на Милан, во 2005 на Ливерпул, во 2007 повторно Милан, па Барселона во 2009 и 2011, Баерн во 2013, Барселона во 2015, Реал Мадрид во 2017 и сега Ливерпул. Сите овие тимови во таа година беа и европски прваци.
Значи, тој што ќе ја освои ЛШ во 2021 година, најверојатно ќе го освои и Суперкупот.