Бекот на Бостон селтикс, Маркус Смарт, се здоби со повреда на листот од левата нога, по што му е препорачано да го пропушти остатокот од подготовките на САД во пресрет на Мундобаскетот. Оваа лоша вест е најнов проблем во стучниот штаб на Грег Попович, откако селекторот на светските шампионите имаше тешки напори да го состави ростерот по откажувањата на голем број ѕвезди.
Смарт нема да ги одработи останатите тренинзи кои се предвидени во Лас Вегас, а дури во Лос Анџелес ќе му бидат извршени нови прегледи по што ќе се донесе конечна проценка околу времетрањето на рехабилитацијата.
Сепак, од таборот на Американците се оптимисти дека не е ништо сериозно и дека Смарт сепак ќе патува за Кина на светскиот кошаркарски собир.