Бизарен момент се случи на второлигашкиот меч во Хрватска меѓу Јунак од Сињ и Солин, што го добија гостите со 4:1. Стрелецот на вториот гол Антонио Репиќ при прославата симулираше сексуален однос со еден од соиграчите.
Победата на Солин, што може да значи и опстанок во Втората хрватска лига, остана во сенка на моментот од 37-мата минута и бизарната прослава на вториот гол за гостите.