Уште посилни, две нови имиња во составот за утрешното гостување во Романија

Ракометната репрезентација на Македонја утрово со чартер-лет замина за Букурешт, каде што утре од 17 часот ќе го игра реванш-дуелот од првиот бараж за пласман на Светското првенство, кое во 2023 година ќе се игра во Шведска и Полска.

По синоќешниот триумф над Романија од 30-22 во Скопје, нашите ракометари имаат обврска да ја одбранат убавата предност и да се најдат во вториот и последен бараж, двомечот со Чешка во април, кој ќе решава за патникот на СП.

Селекторот и играч Кирил Лазаров на гостувањето кај Романија ги зеде истите 16-мина ракометари што беа во составот вчера, плус Мартин Серафимов и Ненад Костески. Лазаров најави дека и да загубела Македонија во Скопје, тоа ништо не би сменило во пристапот, во Букурешт одиме по победа, а не по пораз до седум разлика.

 

- Оглас -

Најнови вести