Уште сега се знае кој ќе биде прв стрелец на Мундијалот во Египет

Норвешка со 38:29 Австрија и со два бода ќе патува во главната рунда, по комплетирање на мечевите во Е групата, на Светското ракометно првенство во Египет. Норвешка во ниту еден момент не беше во негатива против Австрија, а на крајот стигна до убедлива победа.

Сандер Сагосен беше прв стрелец на мечот постигнувајќи девет гола за Норвешка. По трите меча во групната фаза Сагосен веќе има дадено 30 голови и е најдобар стрелец во досегашниот дел од првенството, а реално е и прв фаворит да биде прв стрелец на крајот од Мундијалот.

Во вториот меч од вечерниот термин Исланд со 31:23 го победи Мароко и го обезбеди второто место во Ф групата. Исланд во втората фаза ќе пренесе два бода, додека Португалија од оваа група завршува како лидер со максимални три победи.

- Оглас -

Најнови вести