Репрезентацијата на Коморски Острови е на огромни маки на осминафиналниот натпревар против домашниот Камерун од Африканскиот куп на нациите.
Коморите се без вистински голман (еден голман им е повреден, другите двајца се позитивни на корона-вирус), па мрежата ја чува левиот бек, а само по седум минути игра, останаа и без капитенот Абду, кој доби црвен картон.
За Камерунците ова е одлична прилика да се најдат во четвртфиналето, во кое би се судриле со Гамбија, но Коморите се тимот кој ги освои срцата на неутралните фанови низ светот.