Тројца нови фудбалери на Лацио го пропуштија денешниот тренинг затоа што постои сомнение дека се заразени со Коронавирусот. Патрисио Габарон, Мохамед Фаред и Жан Даниел Акпа-Акпро не се појавиле на тренингот, откако биле тестирани на опасниот вирус, а нивните резултати треба да бидат познати во текот на утрешниот ден.
Претходно петмина играчи на Лацио заминаа во самоизолација откако беа позитивни на Коронавирусот, а уште 12 други фудбалери се надвор од стројот поради разни други причини. Лацио в недела треба да гостува кај Торино, но мечот дури може да биде и одложен, ако Небесносините немаат 13 здрави играчи за настап.
Лацио, не е единствениот калчолигаш со проблеми поврзани со пандемијата. Тренерот на Аталанта, Џан-Пјетро Гасперини објави дека еден од членовите во клубот е позитивен, а во Сасуоло има еден заразен фудбалер и двајца членови на стручниот штаб.