Уште вечерва и веќе никогаш: Последниот тениски танц на Федерер пред пензионирањето!

Роџер Федерер вечерва во Лондон ќе го одигра својот последен натпревар во богатата тениска кариера. Швајцарската легенда во тандем со Рафаел Надал ќе играат против Френсис Тијафо и Џек Сок на Лејвер купот.

Роџер и Рафа ќе ја бранат честа на европскиот тенис, но овој меч, кој ќе почне по 21.30 часот, ќе биде многу повеќе од тоа.

Се повлекува човекот кој има 20 гренслем-титули, 103 освоени турнири и мина 310 недели на првото место на АТП-листата. Ова ќе биде последен турнир на кој заедно ќе бидат тројцата најдобри и најтрофејни во историјата на тенисот, кои одбележаа една ера која тешко ќе се повтори.

- Оглас -

Најнови вести