Лајпциг на одличен начин ја почна новата сезона откако успеа да го освои трофејот во Суперкупот на Германија по победата од 3:0 во Минхен против Баерн. Сепак, во првото коло од Бундеслигата, Лајпциг не помина најдобро.
На гостувањето кај Баер Леверкузен, Лајпциг загуби со 3:2. Фармацевтите водеа со 2:0, потоа и со 3:1, а Лајпциг на крајот има за што да жали бидејќи не освои барем еден бод.
Се играше 74 минута, резултатот беше 3:2 за Баер, а Лајпциг беше во напад. Во еден момент топката дојде до Лоис Опенда кој едноставно беше буквално сам пред празниот гол, но не успеа да погоди за израмнување од 3:3.