17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Уште во второто коло останаа без капитенот до крајот на сезоната

Сент Паули загуби од Гројтер Фурт со 1:3 на свој терен, но загубените бодови се најмал проблем за домаќините. Германскиот второлигаш до крајот на сезоната ќе биде без капитенот Кристофер Авевор, кој заработи тешка повреда. По еден дуел, Авевор падна на тревата и почна да се превиткува од болка.

„Потврдено е најлошото. Нашиот капитен Кристофер има скршеница на левата фибула и предните лигаменти. Тоа е од повредата здоблена на мечот против Гројтер Фурт“, стои во соопштението на второлигашот од Хамбург.

Ова е една од најтешките повреди во фудбалот, па се очекува Сент Паули до крајот на сезоната да биде без капитенот, на кого му следи период на долга рехабилитација.

 

 

- Оглас -

Најнови вести