Изминатиот викенд се случи долгоочекуваниот бокс меч меѓу Олександер Усик и Тајсон Фјури. По исцрпувачки 12 рунди, Усик беше прогласен за победник, и тоа со поделена одлука на судиите (2:1 за Украинецот).
Со оваа победа Усик стана првиот боксер во 21 век кој ги обедини сите четири шампионски појаси во тешка категорија, повторувајќи го успехот на Ленокс Луис од 1999 година. Усик сега е доминантен во ВБА, ВБО, ИБФ и ВБЦ категориите, но само две недели ќе биде апсолутен владетел.
Усик има рок до 3 јуни да одговори на предизвикот на Филип Хрговиќ дали ќе ја брани титулата во ИБФ. Се очекува Усик да ја одбие оваа борба затоа што ќе сака да се подготви за реваншот против Фјури, кој треба да биде во следните неколку месеци.
Токму затоа, во ИБФ-верзијата ќе се добие нов привремен шампион, а тоа ќе биде подобриот од бокс-пресметката меѓу Хрговиќ и Дубоа. Потоа, подобриот од овој дуел, во септември ќе боксува против Ентони Џошуа.