Олександер Усик е првиот боксер во 21 век кој успеал да го обедини сите титули во тешка категорија. Во меч кој траеше 12 рунди, а судиите имаа поделено мислење, Украинецот победи со 2:1 во гласањето на арбитрите.
Првиот судија даде предност за Усик со 115:112, вториот сметаше дека Фјури е подобар со 114:113, а решавачкиот трет судија одлучи дека е 114:113 во корист на Усик и тој стана апсолутен шампион во тешка категорија. Веднаш по мечот, Усик се обрати кон неодамна починатиот татко.
„Тато, дали го виде ова? Слава на Украина. Благодарам на мојот тим. Ова е голем ден. Во последните 22 години работев и тренирав за овој момент“, рече Усик веднаш по добивањето на шампионските појаси и порача дека уште сега е подготвен за реваншот кој е закажан во ноември.
Фјури за прв пат во кариерата е поразен, а Британецот смета дека тој требало да биде победник.
„Мислам дека јас сум победникот во оваа борба. Он имаше неколку добри рунди, но јас имав повеќе. Но, неговата земја е во војна, па сите застанаа на негова страна и му ја дадоа победата. Ова беше една од најлошите одлуки во историјата на боксот. Сега малку ќе се одморам, па ќе се видиме на реваншот во ноември. Јас сум победник во оваа борба, но нема сега да седам, да плачам и да барам изговори. Ќе се вратам повторно во рингот“, порача Фјури.
Усик имаше спектакуларна серија на удари во деветата рунда кога Фјури беше пред нокаут, но крајот на рундата го спаси. Таа најдобра рунда на Усик може да ја видите ТУКА.