Усик приреди сензација и го победи Џошуа среде Лондон

Олександар Усик приреди сензација и го победи Ентони Џошуа во борбата за титулата во тешка категорија. Во борбата пред повеќе од 70 илјади навивачи на стадионот на Тотенхем, среде Лондон, Украинецот беше прогласен за победник со едногласна одлука на судиите (3:0).

Усик демонстрираше врвна подготвеност и техника и успеа да го совлада фаворизираниот домашен боксер, кој не успеа да ги оправда очекувањата и да закаже борба со Тајсон Фјури.

Украинецот ги доби трите од првите четири рунди, за потоа да следеше кам-бек од Џошуа. Сепак, во завршницата, Усик потполно доминираше, а и во последните секунди за малку му побегна и тотален нокаут.

Сепак, за очекување е да има ремач меѓу овие двајца боксери.

- Оглас -

Најнови вести