Условите во Олимпиското село биле ужасни: Спортистите морале да лажат за да добијат тоалетна хартија

Ариарне Титмус беше една од пливачките кои го одбележаа настапот на Летните олимписки игри во Париз. Австралиската пливачка во слободен стил освои златни медали на 400 метри и на 4х200 метри, а беше сребрена на 200 метри и на 800 метри.

Титмус, која има 23 години, открива дека условите во Олимпиското село биле многу лоши. „Животот во Олимпиското село го отежнува настапот. Сместувањето таму апсолутно не е направено по врвни стандарди. Луѓето мислат дека таму е гламурозно, но воопшто не е така. Купатилото во мојот стан беше поголемо од дневната соба за нас четворица кои бевме таму. Постелнината ни ја променија по првата вечер, а потоа воопшто не беше сменета до крајот на турнирот и моравме да живееме во валкано“, вели Титмус.

Пливачката која освои четири медали во Париз, вели дека спортистите морале да се снаоѓаат и за да добијат тоалетна хартија.

„Моравме да лажеме дека сме цимери за да добиеме тоалетна хартија. Ако сте останале без тоалетна хартија, би ви дале само една ролна за четири дена за сите во станот. За среќа, добивме душеци, затоа што креветите беа картонски“, открива младата австралијска пливачка.

- Оглас -

Најнови вести