Усман Дембеле е најефикасниот играч од топ 5 лигите во 2025 година

Со 25 гола на 25 официјални мечеви во сите натпреварувања за ПСЖ во 2025 година, Усман Дембеле е најефикасниот фудбалер од Топ 5 лигите во оваа календарска година.

Дембеле својот 25-ти гол го постигна вечерва на гости против Арсенал во полуфиналето на Лигата на шампионите, по асистенција на Хвича Кварацхелија кој им прави многу проблеми на дефанзивците на Арсенал.

 

- Оглас -

Најнови вести