Женската тениска репрезентација на Македонија, е победник на Третата европска зона во Били Џин Кинг купот, па во наредното издание на ова натпреварување, нашите најдобри тенисерки ќе играат во поквалитетната Втора зона.
Во денешното финале, Македонија ја совлада Ерменија со 2-1 во победи. Ерменките поведоа благодарение на триумфот на Мурадјан над Стоилковска, на 1-1 изедначи Ѓорческа кој со 6-0, 6-0 ја прегази Давтјан, а потоа во решавачкиот меч во двојки, Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ги совладаа Мурадјан и Давтјан со 6-3, 6-2.
Македонскит тенисерки ги добија сите мечеви во Третата зона.
Во Втората Евроафриканска Зона противници ќе ни бидат селекции како БиХ, Естонија, Грузија, Израел, Косово, Литванија и Јужна Африка.