Кристал Палас имаше успешен старт во Конференциската лига на УЕФА, откако го победи Динамо Киев со 0-2. Натпреварот беше решен во 31-та минута, кога Муњоз по додавањето на Пино го отвори резултатот. Во второто полувреме, Пино повторно асистираше, а Еди Нкетија ја зголеми предноста на англискиот тим.
Најубедлив беше Зрињски, кој пред својата публика го совлада Линколн со 5-0. Головите ги постигнаа Билбија, Дујмовиќ и Јаковљевиќ во првиот дел, а Дамаскан и Микиќ во вториот. Македонскиот фудбалер Дарко Велковски го следеше мечот од клупата за резерви.
Блертон Шеји, поранешен младински репрезентативец на Македонија, запиша асистенција во ремито на Дрита против Купс во Финска (1-1), кога во 80-тата минута Алберт Дабикај израмни.
Лех лесно славеше против Рапид во Познањ со 4-1, додека Ријека загуби на гостувањето кај Ноа со минимални 0-1.