Успешен викенд за обложувачите – со мали уплати до сочни добивки

Охриѓани не му ја мислат многу, нема потреба да се заморуваат со двознаци, ниту дали ќе се паднат два гола во прво или во второ полувреме. Земаш билтенот, наоѓаш 25 „фикса“ ги ставаш „кец“ или „двојка“ и си чекаш. А кој чекал, дочекал. Наш редовен типувач од Охрид си ги дочека своите пет минути, а на тикетот кој личи на фискална сметка од супермаркет си вложил само едно евро, односно 60 денари и си лапна сочна добивка од 90.037 денари. Уште повкусно е со бонусот кој го нуди Sport Life, на типувачот од Охрид убаво му легнаа дополнителните 10.399 денари.

Од вкупно 25 натпревари, само два се „двојки“, Наполи и Ренџерс, останатите „кецови“ се комбинација од најатратктивните лиги и оние не толку познати за обичниот човек. Алал мајсторе, некои не можат да фатат тикет со пет натпревари, ти ги погоди 25.

АКО ИМ ОДОЛЕЕШ НА ТОП 5 ЛИГИТЕ ВО ЕВРОПА, МОЖЕ ЌЕ ТИ СЕ НАСМЕВНЕ СРЕЌАТА

Типувач од Куманово ги избегнал оние најтрактивни екипи, среќата си ја пробал со француските второлигаши и неколку дуели од Австрија. На тикетот составен од 14 натпревари вложил само 20 денари, а исплатата заедно со бонусот од 16.287 денари му изнесува вкупно 64.192 денари.

„Икс било кога“  во два наврати се покажа како успешна прогноза. По некој „кец“, влетала и една „двојка“, а убави квоти донесоа и „ге-ге“ натпреварите, како на пример: Сошо – Генгам (3-1) носеше квота од 2.40, додека Оксер – Троа (1-2) исто така имаше над два квота.

И ВО ДРАЧЕВО СЕ ИГРА ПО СИСТЕМОТ – МАЛА УПЛАТА, ГОЛЕМА ДОБИВКА

Наш редовен типувач од Драчево, слично како и Кумановецот, ги заобиколил оние врвни екипи и му се исплати. Само со 100 денари си лапна 190.682 денари, а тикетот се гледа дека е направен со мерак.

Како што велат обложувачите, влегоа како „локум“ – Шалке, Твенте, Кортријк си дадоа по два гола, без разлика дали победија или загубија. Саутхемптон – Борнмут, како и Калјари – Џенова се мечеви кои по дифолт се наместени да се типуваат „гол-гол“. Тикетот со 11 натпревари мора да биде шарен за да биде добитен.

НЕЈМАР НЕ Е ОМИЛЕН ВО ПАРИЗ, АМА ЗАТОА ВО СТРУМИЦА МУ СЕ СПРЕМА БИСТА

На струмичанецот му се брзало за некаде, па набрзина составил тикет со три меча. Со минимална уплата, само 20 денари, си се опари на мајсторски начин и „лапна“ 47.600 денари.

Трите меча се Трапани – Салернитана, Лион – ПСЖ и Севилја – Реал Мадрид. Сите се типувани исто, X-2 & 0-2, и сите завршија со идентичен исход (0-1). Салернитана со погодокот на Кијине од белата точка во 72-рата минута ги освои трите бода. Бензема по еден час игра ја стресе Андалузија, Кралевите минимално се радуваа кај дотогаш лидерите во Ла Лига.

Она што го натерало нашиот редовен обложувач да ги грицка ноктите е француското дерби, кое го реши Нејмар во 87-мата минута и ги постави конечните 1-0 во корист на Светците.

- Оглас -

Најнови вести