Историски успех за Австралија на Мундобаскетот

Австралија е последната селекција која обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство во кошарка. Кенгурите ја оправдаа фаворитската улога и ја победија Чешка со 82:70. Со овој триумф, Австралија само потврди дека е во одлична форма и е со перфектни шест победи на Мундобаскетот.

Чешка одлично парираше во првото полувреме. По првите 10 минути беше нерешено, а на полувремето Австралија имаше само три поени предност (43.40). Неизвесно беше до 25-тата минута, кога резултатот на семафорот покажуваше 43:43. Тогаш следуваше одлична игра на Австралија и серија од 17:1, па стигна до водство од 60:44 пред крајот на третата четвртина.

Сепак, Чешка не се предаде. Последната четвртина ја започна со низа од 7:0 и намали на 63:55, но немаа сили за комплетен пресврт. Во полуфиналето, Австралија ќе игра против Шпанија, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Аргентина и Франција.

- Оглас -

Најнови вести