Со големата победа од 4-1 над Утрехт, Ајакс е на добар пат да ја освои 34-тата титула во Холандија. Копјаниците воедно го искористија киксот на актуелниот шампион ПСВ Ајндходен, кој загуби на гостувањето кај АЗ Алкмар со минимални 1-0.
Сега Ајакс има предност од три бода на табелата во пресрет на последното коло, а ќе биде потребно чудо за да ја испуштат шампионската титула, бидејќи имаат многу подобра гол-разлика од нивниот ривал.
Ајакс воедно чека пет години за да биде шампион на својата земја, а ќе може да стигне до двојна круна, откако претходно го освоија Купот на Холандија. Сепак, ова е мала утеха по елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите, каде Ајакс остана без финале во последните секудни по поразот од Тотенхем.
HUUUUUUGE DAY FOR ALL OF US! ❌❌❌#ajautr pic.twitter.com/iTvN4FG6Mi
— AFC Ajax (@AFCAjax) May 12, 2019