Утна пенал на најскапиот меч на светот, па доби „шут-карта“ од клубот

Фанкати Дабо веќе нема да игра за Ковентри откако клубот му порача дека е еден од седумте фудбалери на кои не смета за следната сезона.

Дабо беше трагичар во пенал-серијата против Лутон таун и единствен што не погоди од белата точка во најскапиот меч на светот, како што го нарекуваат финалето на баражот за влез во Премиер лигата.

По утката, Дабо доби многу закани и расистички навреди, од Ковентри ги осудија таквите постапки, но брзо потоа му порачаа да си бара нов клуб. Дабо беше член на Ковентри од 2019 година, им помогна од Лига 1 да влезат во Чемпионшип, па од клубот му се заблагодија за придонесот.

- Оглас -

Најнови вести