Утна пенал против ПСЖ и ги избркаа од екипата

Бриж беше на чекор од сензационален резултат на гостувањето кај Пари Сен Жермен во меч од Лигата на шампиони, но на крајот загуби со 1:0 во Париз. Белгискиот тим беше апсолутен аутсајдер, но во последните минути од мечот доби шанса за нерешено, кога судијата досуди пенал за гостите.

Одговорноста да го изведе пеналот ја превзема Мбаје Диагне, но неговиот удар го одбрани голманот на францускиот тим. Поради тоа, тренерот на Бриж, Филип Клемент реши жестоко да го казни Диагне, кој е исфрлен од тимот за дуелот против Антверпен. Ваквата казна е поради тоа што Диагне не беше тој кој требаше да го шутира пеналот, туку играчот самиот реши да ја го изведе ударот од белата точка и згреши.

„Диагне нема да биде во конкуренција за дуелот против Антверпен во недела. Во следните недели или месеци ќе одлучиме дали треба да се врати во тимот. Тоа сигурно ќе биде парична казна. Правилата на клубот и екипата мораат да се почитуваат. Тоа беше глупава грешка и мора да биде одговорен за тоа што го направи“, објасни тренерот Клемент.

 

 

- Оглас -

Најнови вести