Утнатиот пенал на Мбапе во 94-тата минута на кумановец му донесе бонус и добивка од над 700.000

Резултатите од мечевите во фудбалската Лига на шампиони им одговараа на многу прогнозери, немаше некои поголеми изненадувања, но некои отскокнуваат со добивките и заслужуваат да бидат спомнати. Особено успешни во вторникот и средата беа кумановци, кои треба и да му се заблагодарат на Килијан Мбапе од ПСЖ што не реализираше пенал во финишот на дуелот со Лајпциг.

ИСТ ТИКЕТ УПЛАТЕН ДВАПАТИ НА РАЗЛИЧНИ СУМИ, ЗБОГАТИ КУМАНОВЕЦ

Во објектот на Sport Life кај Соколаната во Куманово, еден играч со 100 денари уплата, дојде до добивка од 485.966 денари, заедно со бонусот од 10 проценти од Sport Life менито, кој во случајов изнесува 44.178 денари.

На овој мајсторски тикет има пет натпревари од Лигата на шампионите, а прогнозирано е дека ќе има 2-3 гола во прво и 2-3 гола во второ полувреме. За оваа игра, квотите беа од 4.95 до 6.00. Погодените мечеви се: ПСЖ – Лајпциг, Ајакс – Борусија, Салцбург – Волфсбург, Јанг бојс – Вилјареал и Манчестер јунајтед – Аталанта.

Кумановецот имаше огромна среќа што Килијан Мбапе утна пенал во 94-тата минута. Ако дадеше гол, тоа ќе беше четврти гол во второто полувреме и тикетите ќе беа недобитни. Според тоа како се одвиваа средбите, најдоцна за втор погодок се чекаше во Берн, каде што Вилјареал во 88-мата минута го даде вториот гол во второто полувреме, но секако прогнозерот од Куманово најмногу стравувал да не падне и четврти погодок во полувремето на некој меч како тој во Париз.

Истовремено, истиот тикет е уплатен уште еднаш, но со двојно помала уплата од 50 денари. Овој тикет на кумановецот му носи добивка од 242.983 денари, од кои 22.089 денари се бонус.

ЕФИКАСНАТА ИГРА И УТКАТА НА МБАПЕ ДОНЕСОА РАДОСТ КАЈ УШТЕ ЕДЕН ПРОГНОЗЕР ОД КУМАНОВО

Во Куманово има уште еден многу вреден добитен тикет со пет мечеви од Лигата на шампионите. И тука на два меча (ПСЖ – Лајпциг и Манчестер ј. – Аталанта) играта е 2-3I&2-3II, но на тикетот има и комбинација на ГГ со 4+ (Јанг бојс – Вилјареал), 2-3I&4+ (Салцбург – Волфсбург), како и 2 и Т2 за мечот Атлетико – Ливерпул.

Со 100 денари уплата, добивката на овој тикет е одлична 136.174 денари. И овој тикет ќе беше недобитен ако Мбапе го реализираше пеналот во вторникот вечерта.

СО МАЛО ВЛОЖУВАЊЕ, ДОБИ МНОГУ, ПОГОДЕНИ 14 ПАРОВИ ОД ЛШ, ЗА ОВОЈ ПРОГНОЗЕР ОД СКОПЈЕ НЕМАШЕ НЕОЧЕКУВАНИ ИСХОДИ

Во објектот на Sport Life во трговскиот центар „Беверли Хилс“ во скопски Центар, еден играч погодил дури 14 конечни исходи од Лигата на шампионите и со 50 денари, дојде до заработка од 127.783 денари.

Сите прогнози на тикетот се единици и двојки, на играчот му одговараше што во ова коло немаше нерешени резултати, барем не на тие дуели на кои овој прогнозер типувал. Погодени се сите осум меча кои се играа во вторникот и шест од среда.

- Оглас -

Најнови вести