Утре Чави ќе биде главна фудбалска фаца, на промоцијата ќе му дојде специјален гостин

Пеп Гвардиола е најавен како специјален гостин на Чави Ернандес на промоцијата во нов тренер на Барселона, што шпанскиот гигант ја најави за утре.

Гвардиола му беше и соиграч и тренер на Чави во Барселона, а заедно ги имаат сите важни трофеи и во Шпанија, но и во Лигата на шампионите.

Пеп, кој е тренер на Манчестер сити, ќе допатува во Барселона за да биде присутен на промоцијата што е планирана за утре на „Камп ноу“.

Чави по долги преговори, го напушти катарскиот клуб Ал-Сад и се врати во Барселона, каде што е икона на клубот, но сега во улога на тренер.

Потпиша договор до 2024 година, а Барселона ќе му плати на Ал-Сад околу 5 милиони евра отштета, а објавено е дека половина од сумата ќе ја плати Чави.

 

- Оглас -

Најнови вести