Утре е голем ден за Елиф Елмас, ќе биде стартер против Баерн

Елиф Елмас утре попладне ќе биде стартер во тимот на Наполи на пријателскиот меч против Баерн во Минхен. Македонскиот репрезентативец заедно со Политано и Унас ќе бидат офанзивна поддршка во средниот ред за централниот напаѓач Осимен.

Баварците нема да бидат комплетни, но се очекува во почетните 11 да бидат новакот Упамекано, и некои од ѕвездите староседелци како Горецка, Милер и Левандовски.

Инаку, Адам Унас објави фотографија од авионот со кој наполитанците отпатуваа во Минхен, на сликата се наоѓа и Елмас, а фановите се шегуваат дека Елиф има имиџ „а-ла Џон Ленон“, па го нарекуваат Џон Елмас.

- Оглас -

Најнови вести