Утре и Италија и Англија ќе бидат против Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ утре ќе се обиде ја освои 20-та јубилејна гренслем титула со победа во финалето на Вимблдон против Матео Беретини, а јасно е дека покрај Италијанците кои ќе навиваат за својот тенисер против најдбриот на светот ќе бидат и Англичаните.

Особено по изјавата на Новак дека ќе навива за Италија во финалето на Европското првенство, изјава што ја пренесоа италијанските медиуми.

„Фудбал и тенис. Мама миа, Италија, тоа е фантастично. Беретини нема што да загуби против мене, можеби Италија има што да загуби против Англија во финалето на Европското првенство. Очекувам два прекрасни меча во Лондон и дека Италија ќе победи, но само навечер“, изјави Ѓоковиќ за „Скај Спорт Италија“.

Беретини е Италијанец, за првпат ќе игра финале на гренслем, па Аѕурите ќе си навиваат за својот сонародник, а изјавата на Ѓоковиќ дека сака Италија да ја освои европската круна во фудбал не им се допадна на Англичаните, па утре од 15 часот веројатно во големо мнозинство ќе навиваат против него во финалето на Вимблдон.

Недела и 11. јули 2021 година ќе се паметат по три големи финалиња. Фантастичниот спортски ден ќе почне по полноќ од два часот кога во финалето на Копа Америка ќе играат вечните ривали Бразил и Аргентина, ќе продолжи од 15 часот со машкото финале на Вимблдон меѓу Ѓоковиќ и Беретини, а ќе заврши со големото фудбалско финале на ЕП на „Вембли“ меѓу Англија и Италија од 21 часот повторно во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести