Искусниот 39-годишен шпански дефанзивец Раул Албиол потпиша договор со тимот на Пиза. Ветеранот треба да донесе искуство и стабилост во тимот од Серија А. Од Пиза го потврдија потпишувањето на договорот со искусниот централен дефанзивец.
Шпанец се враќа во Италија по периодот поминат во Наполи од 2013 до 2019 година и Виљареал од 2019 до 2025 година, каде што беше капитен. Претходно играше и за Реал Мадрид, Валенсија и Хетафе.
Албиол е светски и двократен европски шампион со шпанската репрезентација, за која има 58 настапи. Дефанзивецот има 394 натпревари во Ла Лига, 180 во Серија А и 71 во Лигата на шампионите.
Интересно е дека утре, на 4 септември, Албиол ќе наполи 40 години.