Утре малку и ќе се тактизира – Вајс: Грузија и Македонија имаат иста цел, пласман на ЕП

Утре малку и ќе се тактизира од двете страни, а Македонија и Грузија на Националната арена во Скопје од 20.45 часот ќе го играат првиот од двата меча што се многу важни во Лигата на нациите.

Утрешниот одлучува веројатно и за победникот во втората група во Сегментот Ц од Лигата на нации, а тој на 12 ноември во Тбилиси за пат на Европското првенство.

И двајцата селектори имаат свои маки, има доста отсутни поради повреди и картони, а две победи би биле џекпот и за нас и за Грузија.

„Важно е да се победи утре за прво место во групата, но се знае дека најважниот меч е во Тбилиси. Главната цел и на двете репрезентации е да се пласираат на Европското првенство.

Знаеме како играат Македонците, креативно, со многу додавања и против нив нема да ни биде лесно. Сепак, сакаме да одиме на ЕП и да бидеме први и во групата од новиот циклус на Лигата на нациите“, изјави Владимир Вајс, селекторот на Грузија.

Утре ќе се игра вториот од трите меча меѓу Македонија и Грузија, а трилогијата почна со реми во Тбилиси на 8 септември, продолжува во Скопје, во вториот меч од Сегментот Ц и завршува на 12 ноември, повторно во Тбилиси, во финалето од Сегментот Д, што го води победникот на ЕП идната година.

 

- Оглас -

Најнови вести