Манчестер сити, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Арсенал, Барселона. Ова е редоследот на топ 5 фаворити за освојување на фудбалската Лига на шампиони, чија групна фаза за сезоната 2023/2024 почнува утревечер.
Според квотите во Sport Life за освојувач на ЛШ, главен кандидат за освојување на трофејот е актуелниот првак Манчестер сити. Ако уплатите денеска на Сити дека ќе ја освои ЛШ, добивате квота 3.00. На Баерн квотата е 6.55, а за Реал 9.00 и ова се трите клуба за коишто квотата е едноцифрена.
Но, има еден проблем за Граѓаните, откако ЛШ се игра под ова и во ваков формат, само Реал Мадрид двапати по ред бил европски првак. Во минатото, кога најсилното натпреварување се викаше Куп на европски шампиони и се играше со помалку клубови, и без групна фаза туку само со нокаут-мечеви, и други клубови две сезони по ред ја освојуваа Европа, па пред Сити е сериозен предизвик.
Најмали шанси за европска титула му се даваат на Копенхаген (квота од дури 901.0), кој е во група со Баерн, Манчестер јунајтед и Галатасарај. За Црвена ѕвезда, како и за Антверп, квотата е 525.0, а под нив е и Јанг бојс со квота 700.0. Швајцарски Јанг бојс е во група со Ѕвезда, па за белграѓани реално е да бидат трети во својата група и да продолжат напролет во Лигата на Европа.