Утрешното дерби Манчестер јунајтед – Ливерпул нема да се игра?

Многу љубители на фудбалот со нетрпение го очекуваат утрешниот дуел на најтрофејните англиски клубови Манчестер јунајтед и Ливерпул, но мечот може и да не се одигра.

Околу 10.000 фанови на Црвените ѓаволи се подготвуваат да направат хаос околу „Олд Трафорд“, а и на самиот стадион, во знак на протест против сопствениците на клубот. Лани се случија големи нереди, па средбата беше одложена. Но, овојпат има предупредување дека ако се повторат такви сцени, средбата нема да се одложи и преигра во друг термин, туку на Ливерпул ќе му биде доделена службена победа.

- Оглас -

Најнови вести