Утрешното финале меѓу Ѓоковиќ и Бератини ќе биде историско, но не поради тенисерите

Хрватската судијка Марија Чичак ќе биде главна меѓу делителите на правдата на утрешното финалето во машка конкуренција на Вимблдон, меѓу Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини. Со ова, Чичак влегува во историјата на Вимблдон како прва судијка која ќе биде главна на финале во машка конкуренција.

Се работи за искусна судијка која е со знакот на ВТА уште од 2011 година и ја делела правдата на големи мечеви. Таа го судеше финалето на Вимблдон во женска конкуренција во 2014 година, потоа финалето на САД Опен во 2015 година, а беше главна и во финалето на Олимписките игри во 2016 година. Кога се работи за машката конкуренција на Вимблдон, главен дострел и беше полуфиналето на турнирот во 2018 година.

 

- Оглас -

Најнови вести