Утрово најавивме, а сега се оствари: Мајсторите за нерешено во мак-фудбалот одиграа 0:0

Екипите на Силекс и Гостивар одиграа без голови во мечот со кој стартуваа возбудувањата во 26 коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Иако делува дека се работи за мирољубиво реми, сепак на теренот се водеше вистинска фудбалска војна, па беа покажани дури осум жолти картони (по четири на двете екипи) и еден црвен картон во 89 минута за гостите од Гостивар.

Утрово во најавата за дуелот, потенциравме дека Силекс и Гостивар се двата тима со најмногу одиграни нерешени резултати во оваа сезона и дека „иксот“ делува како најреална опција, а тој се вреднуваше со коефициент 3.05.

Со овој освоен бод, Силекс стигна до 37 бодови и е на четвртото место (има 10 нерешени средби), додека Гостивар е шести со 33 бодови (има дури 12 нерешени средби). Утре ќе се играат останатите мечеви од ова коло во Прва лига, а ќе се сретнат: Вардар – Струга, Брегалница – Шкупи, Македонија ЃП – Шкупи, Тиквеш – Брера и Воска – Работнички.

Денеска се одигра и комплетното 23 коло во Втора лига, а постигнати се следните резултати: Арсими – Охрид 0:0, Караорман – Тетекс 1:4, Вардар Неготино – Беса 0:1, Саса – Осогово 2:1, Детонит – Победа 1:1, Новаци – Беласица 1:3, Кожуф – Башкими 2:0, Скопје – Пелистер 0:1.

- Оглас -

Најнови вести