Сезоната 2025/26 во Серија А ќе започне на 23 август 2025 година и ќе заврши на 24 мај 2026 година, соопштија од италијанската фудбалска лига.
„Според одлуката на Советот на Лигата од 31 март 2025 година, новата сезона во Серија А ќе започне во недела, на 24 август, со воведни натпревари на 23 август, а завршувањето е закажано за 24 мај 2026 година“, стои во официјалното соопштение.
Во однос на актуелната сезона, која ќе заврши со Светското клупско првенство (14 јуни – 13 јули во САД), новата сезона во Калчото ќе започне една недела подоцна, но ќе заврши на ист датум. На меѓународен план, сезоната 2025/26 ќе биде затворена со Светското првенство во САД, Мексико и Канада, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година.