Светското првенство кое се игра во Индонезија за играчи до 17 години е во полн ек, а осминафиналето го донсе најголемото изненадување на турнирот. Репрезентацијата на Узбекистан со 2:1 ја победи фаворизираната Англија и се пласира меѓу осумте најдобри во светот.
Узбекистан во групната фаза загуби од Мали, но потоа ја победи Канада и на крајот одигра нерешено со Шпанија, што беше доволно да дојде до нокаут-фазата, а таму буквално го нокаутира Гордиот Албион.
Саидов со гол во четвртата минута ја најави сензацијата, а Англичаните израмнија на 1:1 во 35-тата минута. Голот за победа на Узбекистан го постигна Мизраев во 67-мата минута, и тоа со прекрасен шут од слободен удар.
https://twitter.com/i/status/1727296127681339528
Во четвртфиналето Узбекистан ќе игра против Франција, која се намачи во дуелот против Сенегал и победи на пенали со 5:4 откако во регуларниот дел беше 0:0.
Во останатите четвртфинални дуели ќе играат: Шпанија – Германија, Бразил – Аргентина и Мали – Мароко.