Ужас: 18-годишен руски фудбалер почина на сред натпревар

Фудбалска Русија е погодена од голема трагедија откако на сред натпревар почина 18-годишниот Никита Сидоров. Членот на младинскиот тим на Знамија Труда играше само пет минути на стадионот „Торпедо“ во Орехово пред да му згасне животот.

„Докторите и брзата помош веднаш реагираа. Се бореа за неговиот живот повеќе од еден час, но, за жал, го изгубивме Никита. Тој беше најздравиот фудбалер во тимот“, посочи Михаил Пузанов, директорот на најстариот активен фудбалски клуб во Русија.

Наводно причината за смртта на Сидоров е оштетување на мозокот, односно церебрален аневризам, но се чека извештајот од обдукцијата за да се потврдат информациите.

Ова не е прв трагичен случај од ваков тип во Русија.  Во април минатата година, Инокенти Самохвалов на 22 години го најде иста судбина како и Сидоров.

- Оглас -

Најнови вести