Ужас: Диого Жота загина во сообраќајна несреќа

Фудбалерот на Ливерпул и португалски репрезентативец Диого Жота загина во сообраќајна несреќа во покраината Замора, пренесува шпанскиот весник Марка.

Несреќата се случила на 65-тиот километар од автопатот А52 во близина на општината Паласиос де Санабрија.

Играчот на Ливерпул почина кога возилото во кое патувал со неговиот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер, излетало од патот, предизвикувајќи пожар. Во сообраќајната несреќа загина и неговиот брат Андре, кој инаку беше фудбалер на Пенафиел.

Диого Жота имаше само 28, а во Ливерпул дојде во 2020 година од тимот на Вулверхемптон за 44,7 милиони евра. Оттогаш, одигра 182 настапи за Црвените, постигнувајќи 65 гола и 26 асистенции. Во овој период, тој освои три пехари со „Црвените“: титула во Премиер лигата (2024-25), титула во ФА Купот (2021-22) и титула во Лига Купот (2021-22).

Жота претходно има играно и за Порто и Пакош Фереира. Во репрезентацијата на Португалија одигра 49 меча во кои постигна 14 голови.

- Оглас -

Најнови вести