Ужас на меч од американскиот фудбал: Пукање, меѓу ранетите има и деца (Видео)

Страшни сцени се случија на еден школски меч во американски фудбал во државата Алабама. Се играше средношколски дуел меѓу Вигор и Вилијамсон, кога пред крајот на средбата, неочекувано се слушна пукање со огнено оружје.

Инцидентот се случил на влезот од западната страна, а во пукањето се повредени тројца мажи и една девојка. Меѓу повредените има и малолетни.

 

Само што се слушна пукањето, луѓето почнаа да бегаат. Дел од нив се симнаа и на теренот, каде играчите почнаа да лежат на теренот, за да не бидат мета на залутан куршум.

Полицијата брзо пристигнала на местото на нападот, но напаѓачите избегале со бел автомобил. Засега не е познат мотивот за овој ужасен напад.

 

- Оглас -

Најнови вести