Ужасна трагедија се случи на еден фудбалски натпревар во аргентинскиот град Јерба Биена во областа Тукуман.
Судијата Оскар Антонио Перез бил застрелан во грб од навивач за време на полувремето од фудбалски двобој во аматерска лига. После инцидентот, 48-годишниот судија е префрлен во болница.
Според аргентинските медиуми, судијата седел на столче покрај теренот, а кон него се приближил навивач, кој гласно му го извикувал името, и почнал да пука во телото на Перез кој важи за еден од најдобрите судии во провинцијата Тукуман, но често го навлекува гневот на фановите и играчите, и има расправии со нив. Еднаш во 2014 година, овој судија добил и шлаканица од играч.
Навивачот кој пукал, побегнал со мотор и полицијата трага по него.