Ужас во Барселона: автомобил влета во толпата навивачи на Еспањол и почна да ги гази (Видео)

Еспањол и Барселона играат без голови по првите 20 минути, но главен фокус на дербито е тоа што се случуваше пред стадионот.

Додека една поголема група на навивачи на Еспањол кои чекаа да влезат на стадионот, неочекувано автомобил тргна директно кон нив и почна да ги гази.

Засега нема информации дали има повредени навивачи, но малку фалеше дербито да биде прекинато, откако најверните фанови на Еспањол сигнализираа за тоа што се случило пред стадионот.

Главнот судија имаше разговор со двајцата капитени, а потоа и со полицијата, за на крајот да биде решено средбата да продолжи.

- Оглас -

Најнови вести