12.8 C
Skopje
вторник, 16 септември 2025

Ужас во Чиле: Почина италијанскиот скијач кој беше во вештачка кома по страшен пад на тренинг

Тажни вести пристигнуваат од Чиле. Почина италијанскиот 25-годишен скијач Матео Франзосо, кој доживеа тежок пад на тренинг.

Падот беше многу сериозен, Италијанецот остана неподвижен, а веднаш пристигна хеликоптер и тој беше префрлен во блиската болница.

Веднаш беше ставен во вештачка кома, но недолго потоа пристигна веста која многумина ги растажи. Италијанскиот скијач ја загуби најважната трка, животната, и им подлегна на тешките повреди.

Веднаш се огласи Скијачката федерација на Италија.

„Ова е голема трагедија за нашето семејство и нашиот спорт. Немаме зборови за сè што се случи, искрено сочувство до семејството на Матео“, соопштија од федерацијата и додадоа:

„Мораме да направиме сè што е во наша моќ за вакви трагедии повеќе да не се повторуваат на патеката.“

Матео Франзосо е роден во Џенова на 16 септември 1999 година и утре требаше да го прослави својот 26-ти роденден.

Целата Италија е во шок, бидејќи Франзосо беше еден од кандидатите за настап на Зимските олимписки игри во Кортина и Милано 2026 година. Спустот и супер-џи-слаломот беа негови специјалности, а во февруари оваа година освои и поени во супер-џи во Кранс Монтана.

- Оглас -

Најнови вести