Ужас во Ливерпул: Автомобил прегази фанови за време на шампионската парада (Видео)

За време на шампионската парада на Ливерпул по повод освоената 20-та титула во Премиер лигата се случи сериозен инцидент кој ја засени еуфоријата во градот. Автомобил удри во толпа луѓе собрани во центарот на Ливерпул, а сведоци пријавиле дека несреќата се случила во близина на крстосницата на „Дејл стрит“ и „Вотер стрит“, каде што илјадници навивачи славеле со својот тим.

Полицијата на Мерсисајд излезе со соопштение.


„Бевме повикани малку по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријава за инцидент во којшто автомобил удрил група пешаци на ‘Вотер стрит’. Возилото застанало на лице место, а едно лице е приведено. Екипи на итна помош се присутни и интервенираат. Ќе дадеме дополнителни информации штом бидат достапни“, објавија полициските власти на градот.

Полициски кордон е поставен околу местото на инцидентот, а сообраќајот е целосно блокиран. Во моментот се спроведува истрага и се обезбедува медицинска помош за повредените.

Оваа трагедија се случи во момент кога Ливерпул и неговите навивачи славеа историски успех, што дополнително ја нагласува сериозноста и тежината на настанот.

- Оглас -

Најнови вести