Ужас во САД: Еден од најталентираните кошаркари колабира на теренот (Видео)

Кејонти Џонсон, кошаркарот на Флорида, колабира за време на мечот против големиот ривал Флорида Стејт во американската колеџ лига. Според првичните информации од САД, состојбата на Џонсон се оценува како критична, но стабилна.

Кај Џонсон претходно не биле забележани никакви посериозни здравствени проблеми, а некои информации велат колабирањето може да е како последица од корона-вирусот кој младиот 21-годишен играч го прележал во летниот период. Лекарите тоа го објаснуваат како миокардитис, што може да го прекизвика корона-вирусот. Тоа претставува вирусна инфекција на срцевиот мускул, кој во најлош случај може нагло да предизвика застој на срцето, дури и смрт и кај млади и здрави спортисти.

Џонсон, кој и официјално беше прогласен за најдобар кошаркар во Југоисточната конференција, неколку секунди пред да колабира, се движи на теренот, а околу него нема ниту еден друг играч. Во еден момент тој паѓа на паркетот, а потоа веднаш притрчуваат и лекарските екипи.

 

- Оглас -

Најнови вести