Ужас во Турција: Одбојкарка пронајдена мртва во својот дом

Трагични вести доаѓаат од Турција. Одбојкарката од Порторико, Викторија Пилар, која настапуваше за турскиот клуб Беледијеспор, пронајдена е мртва во својот стан. Таа не се појавила на тренингот на клубот, што довело до тоа раководните луѓе од клубот да ја побараат.


За жал, телото на Викторија Пилар било пронајдено без знаци на живот. Причината за смртта засега не е позната, а дополнителни информации ќе бидат достапни по извршувањето на форензичкиот преглед.

Викторија Пилар дојде во Турција од Франција, каде што играше за Безиерс Волеј, а исто така беше и член на репрезентацијата на Порторико.

- Оглас -

Најнови вести