Хорор: Вуко ги бранел децата и бил изгризан од глутница кучиња, завршил во болница!

Црногорскиот ракометар Вуко Борозан, кој игра за Вардар 1961, вчера шетајќи со своите деца низ Скопје бил нападнат од глутница кучиња.

Од клубот потврдија дека Борозан шетал низ градот и сакајќи да си ги заштити децата, бил брутално изгризан од кучињата. Завршил во болница, шиен е на повеќе места по телото со 14-15 конци.

„За жал во нашиот град се случуваат некои чудни работи. Вчера додека шетал со своите деца Вуко Борозан беше нападнат од куќиња скинтници. Бранејќи ги децата, тој неколку пати бил гризнат и заврши во болница. Има 14-15 конци на раката и на ногата и не знаеме дали ќе биде подготвен за настап против Порто“, откри тренерот на Вардар, Недановски.

Покрај Борозан, Вардар има проблеми со уште неколку ракометари кои се повредени.

- Оглас -

Најнови вести